Македонските каратисти освоија 1 златен и 2 бронзени медали на европскиот шампионат во традиционално карате кој од 27-30 октомври 2023 година се одржа во Ново Место, Словенија. Најуспешен беше Филип Недев кој освои златен медал во кати за деца 8-9 години, а бронзени медали освоија Матеј Мангаровски во кадети и Максим Поп Трпев во кати за деца од 6-7 години. Камелија Недев за малку и побегна медал и го освои четвртото место во кати. На ЕШ во Словенија учествуваат 20 земји си над 600 натпреварувачи.
Филип Недев освои прво место во кати за деца на европскиот шампионат во традиционални карате во Ново Место, Словенија
- Детали