МЕДИТЕРАНСКИ КАРАТЕ ШАМПИОНАТ ОД 18-20 ЈУНИ ВО ЛИМАСОЛ, КИПАР

Почитувани,

Ни преставува чест што можеме да Ве инфорираме дека од 12-17 јуни 2016 година во Неа Флогита, Грција ќе се одржи традиционален карате семинар и турнир *НЕА ФЛОГИТА 2016*. Овој семинар и турнир ќе биде и како еден вид на подготовки пред престојниот Медитерански карате шампионат кој од 18-20 јуни 2016 година ќе се одржи на Лимасол, Кипар. На семинарот ќе учествуваат повеќе каратисти од Македонија, Грција, Србија и Романија, семинарот ќе биде под водство на: Шихан Венцислав Недев 9 дан, Сенсеи Дејан Недев 6 дан и Сенсеи Аљоша Недев 6 дан.

На Медитеранскиот Шампионат во Лимасол, Кипар ќе настапат:

  1. Дејан Недев
  2. Јадранка Недева
  3. Огнен Тасевски
  4. Бојан Богдановиќ
  5. Мила Саздова
  6. Иван Трпковски

Со Почит,

МТКФ Канцеларија

Вести од Египет

Почитувани би сакале да ве информираме дека нашиот натпреварувач Дејан Недев се избори и влезе во финале во дисциплината кати поединечно и ќе се бори за освојување На еден од трите медали. Финалето во кати ќе се одржи утре со почеток во 14.00 часот. Во финалето покрај Недев се пласираа и натпреварувачите на Франција, Египет и Србија. Утре на програмата се и дисциплините фукуго и борби поединечно за кој ќе се одржат елиминациите полуфиналето и финалето.

Со почит МТКФ канцеларија.

Недев ќе учествува на Светскиот куп во Египет

Најдобриот македонски каратист во традиционално карате Дејан Недев од 15 до 21 април ќе учествува на  ИТКФ Светскиот куп 2016.

Ова натпреварување ќе се одржи во Хургада, Египет и на него ќе настапат најдобрите каратисти сениори во традиционално карате за 2016 година.

За Недев ова ќе биде шесто учество на Светските купови.

46-ти ДРЖАВЕН ШАМПИОНАТ НА МАКЕДОНИЈА ВО КАТИ ПОЕДИНЕЧНО ЗА ЈУНИОРИ, КАДЕТИ И ДЕЦА

          Почитувани,

Ни преставува чест што можеме да Ве инфорираме дека денес, недела на 10 април 2016 година во Будо Карате Центарот Недеви во Скопје се одржа 46от. Државен Шампионат на Македонија во традиционално карате во кати поединечно за јуниори, кадети и деца.

На шампионатот земаа учество 13 клубови со 67 натпреварувачи.

Шампионатот го отвори Проф. Венцислав Недев, Претседател на МТКФ.

РЕЗУЛТАТИ ПО КАТЕГОРИИ И ВОЗРАСТИ:

Повеќе...

Светскиот шампион Дејан Недев на прием кај претседателот на РМ Г-дин. Ѓорге Иванов

 

Почитувани,

На 13.11.2015 Претседателот на РМ Г-дин Ѓорге Иванов приреди прием за светскиот шампион Дејан Недев. Претседателот лично му го честиташе големиот успех на Недев и истакна дека овој успех е од големо значење за Република Македонија и дека Македонија се гордее што има вакви спортски великани. Претседателот Иванов му посака на Недев во иднина да продолжи со остварување на вакви високи резултати и презентирање на Македонија во вистинско светло.

Повеќе...