Дејан Недев - Светски Фудокан шампион во кати

IMG 0685

Почитувани,

Нашиот најдобар каратист на сите времиња Дејан Недев освои злато и стана светски шампион во кати на 7от. Светски фудокан карате-до шампионат кој од 3-5 ноември 2017 година се одржа во Клуж, Романија. Матеј Ангеловски го освои сребрениот медал во фукуго за сениори. На СШ учествуваа вкупно 48 земји со над 2000 натпреварувачи. Овој златен медал е историски за Македонија бидејќи за прв пат е освоен во кати за сениори. Со почит МТКФ

Повеќе...

Светски Фудокан Карате Шампионат за сениори

58544f90d12d91

Ни причинува задоволство што можеме да Ве известиме дека Македонската репрезентација во традиционално карате од 3 до 5 ноември 2017 година ќе земе учество  на Светскиот  Фудокан Карате Шампионат за сениори во Клуж, Романија.

Македонската репрезентација во традиционално карате ќе настапи во следниот состав:

  1. Дејан Недев
  2. Матеј Ангеловски
  3. Бојан Богдановиќ
  4. Јадранка Недева
  5. Емилија Јанчевска
  6. Александар Волкановски

Овој шампионат е тест пред Официјалниот Обединет ИТКФ Светски Шампионат кој од 1 до 3 декември 2017 година ќе се одржи во Монтекатини, Италија.

Со Почит,

Проф. Венцислав Недев

Претседател

Одбележа големиот јубилеј 50 години карате во РМ

 IMG 0374

Почитувани, Македонската традиционална карате федерација на спектакуларен начин го одбележа големиот јубилеј 50 години карате во РМ. Со специјални награди и по една монографија беа одликувани 56 спортски и карате легенди, подржувачи на карате спортот во РМ меѓу кој беа: Зоран Заев-Премиер на РМ, Дарко Каевски- директор на АМС, Кеико Ханада-Амбасадорка на Јапонија во РМ, Владимир Јорга, Венцислав Недев, Дејан Недев, Шабан Трстена, Насе Насев, Васил Тупурковски и многу други. На свеченоста беше промовиран и документарен филм за каратето во РМ и за Венцислав Недев-карате тренер на векот во РМ. Со почит МТКФ