Венцислав Недев добитник на награда за животно дело “13 Ноември”

Почитувани,
Ве информираме дека проф. Венцислав Недев денес на пригодна свеченост му беше доделена наградата “13 Ноември” за животно дело за придонес во развојот на карате спортот во РМ изминатите 50 години. Тој е основач, претседател, тренер и селектор на МТКФ и КК Работнички повеќе од 50 години, најзаслужен за постигнувањата на Македонските каратисти кој под негово стручно водство станале европски, светски и балкански шампиони. Негови ученици се прославени те каратисти како: Мирче Опелоски, Дејан Недев, Назим Куртовиќ, Аљоша Недев, Лујза Гашева, Кристијан Кајчевски, Јадранка Недева и многу други.

Со почит МТКФ.

IMG 5566

Повеќе...

д-р. Дејан Недев

Почитувани, би сакале да ве информираме дека денес на 13.12.2018 на Државниот Универзитет Св. Климент Охридски во Софија, нашиот најуспешен каратист, д-р. Дејан Недев беше официјално промовиран во доктор на науки по физичко образование и спорт. Тој докторатот успешно го одбрани пред 6 месеци оваа година на 26.06.2018 година.
Со почит МТКФ.

doktornaukadn

Карате куп “13 Ноември” - 2018

13noemvri2018

Почитувани,
би сакале да ве информираме дека денеска на 11.11.2018 во Будо центарот Недеви во организација на МТКФ и КК Скопје се одржа традиционалниот карате куп “13 Ноември”. Во прилог ви ги праќаме победниците по категории:

Повеќе...

Три медали за Македонските каратисти

Почитувани, Македонската репрезентација во традиционално карате на Светскиот клубски куп во Белград освоија 3 медали: 1 златен, 1 сребрен и 1 бронзен медал. Првото место во ен-бу м/ж деца го освоија Мила Младеновска и Димитри Влахо, 2 место во ен-бу м/м кадети го освоија Иван Трпковски и Димитри Влахо,  трето место во ката тим кадети освоија Димитар Витанов, Димитри Влахо и Иван Трпковски. Денеска по програма се одржуваат поединечните натпревари на Меѓународниот карате куп “Црвена Звезда 2018. Со почит, МТКФ.

tri medali

Македонските каратисти на ЕШ во традиционално карате во Белград освоија вкупно 10 медали

Почитувани,
Македонската репрезентација во традиционално карате на ЕШ што викендов од 14-16 септември се одржа во Белград, Србија се врати со освоени вкупно 10 медали од кој: 3 златни, 4 сребрени и 3 бронзени медали во конкуренција од 286 натпреварувачи од 20 земји. Медалите ги освоија:
 
Дејан Недев - Европски Шампион 1 место во ката - сениори;
Дејан Недев - Европски Шампион 1 место во фукуго - сениори;
Мила Саздова - Европски Шампион 1 место во кати - јуниорки;
Јадранка Недева - 2 место во ката - сениорки;
Мила Саздова - 2 место во кумите јуниорки;
2 место во ката тим младинки (М.Саздова, Б.Милевска, Ј.Милевска);
2 место во ен-бу м/ж сениори (Бојан Богдановиќ/Берта Милевска);
Јадранка Недева - 3 место во кумите - сениорки;
Ристо Сакалиев - 3 место во ката за ветерани;
Ристо Сакалиев - 3 место во кумите за ветерани
 
Од останатите репрезентативци најповеќе се истакна Спасе Стојанов кој беше блиску до освојување на медал во борби за сениори.
Со Почит, МТКФ
 
IMG 4898

Дејан Недев двократен Европски шампион во традиционално карате во кати и фукуго

Почитувани,

Ве информираме дека нашиот најдобар каратист стана двократен Европски шампион во дисциплините кати и фукуго на 33от. Европски шампионат во традиционално карате што се одржува во Белград, Србија. Недев со овој резултат ја потврди врвната форма и докажа дека со години е во врвот на Европското и светското карате. Тој ги одбрани европските титули од минатиот ЕШ кој во 2016 година се одржа во Крањска гора, Словенија. Јадранка Недева освои сребрен медал во кати за сениорки. ЕШ во Белград се уште е во тек. Со Почит МТКФ

dejaneuchamp