Избор на најдобрите Македонски каратисти за 2018 година

IMG 6390


Врз основа на постигнатите врвни спортски резултати во 2018 година, Управниот одбор на МТКФ на последната седница донесе одлука за наградување на најдобрите каратисти на РМ за 2018 година и тоа:

СЕНИОРИ:
1. ДЕЈАН НЕДЕВ-НАЈДОБАР КАРАТИСТ ЗА 2018
ЕВРОПСКИ ШАМПИОН ВО КАТИ-ПОЕДИНЕЧНО ЕШ ВО БЕЛГРАД СРБИЈА;
ЕВРОПСКИ ШАМПИОН ВО КУМИТЕ-ПОЕДИНЕЧНО НА ЕШ ВО БЕЛГРАД СРБИЈА;
1 МЕСТО ВО КАТИ-ПОЕДИНЕЧНО ЕК ВО ВИЕНА АВСТРИЈА;
1 МЕСТО БАЛКАНСКИ ШАМПИОН ВО КАТИ ПОСТАРИ СЕНИОРИ ВО ТРГОВИШТЕ РОМАНИЈА;
2 МЕСТО ВО КАТИ ПОЕДИНЕЧНО НА ФУДОКАН СК ВО БЕЛГРАД СРБИЈА;
2 МЕСТО ВО КАТИ ПОЕДИНЕЧНО НА СК ВО ЛИЊАНО САБЈАДАРО, ИТАЛИЈА

2. АЉОША НЕДЕВ - БАЛКАНСКИ ШАМПИОН ВО КАТИ ЗА СЕНИОРИ НА БШ ВО ТРГОВИШТЕ РОМАНИЈА

Повеќе...

Дејан Недев освои сребрен медал во Лињано Сабјадоро, Италија

Почитувани,


Македонскиот каратист Дејан Недев освои сребрен медал во кати на Светскиот обединет карате куп во Лињано Сабјадоро, Италија. Тој во финалето беше грубо оштетен од судиите кој му беа наклонети на домашниот напреварувач од Италија кој за неколку класи послабо од Дејан ги изработи катите. Тоа беше очигледно за целата публика и јавност која го следеше финалето. Дејан Недев за класи беше подобар во изведбите на катите (поцврст, поексплозивен, поенергичен) од победникот кој судиите буквално му ја подарија победата и златниот медал на домашниот натпреварувач.


Со почит МТКФ.

IMG 2131

Дејан Недев прогласен за трет најдобар спортист на Град Скопје за 2018 година

Почитувани,
Денеса на 25.12.2018 година нашиот најдобар каратист Дејан Недев беше прогласен меѓу тројцата најдобри спортисти на Град Скопје за 2018 година во избор на Град Скопје и Сојузот на спортови на Скопје. Утре на пригодна свеченост МТКФ ќе ги прогласи најдобри каратисти на РМ за 2018 година. Настанот ќе се одржи на 26.12.2018 година во Парк хотел и Спа со почеток од 12.30 часот, ве очекуваме!
Со почит МТКФ.

IMG 3339

Венцислав Недев добитник на награда за животно дело “13 Ноември”

Почитувани,
Ве информираме дека проф. Венцислав Недев денес на пригодна свеченост му беше доделена наградата “13 Ноември” за животно дело за придонес во развојот на карате спортот во РМ изминатите 50 години. Тој е основач, претседател, тренер и селектор на МТКФ и КК Работнички повеќе од 50 години, најзаслужен за постигнувањата на Македонските каратисти кој под негово стручно водство станале европски, светски и балкански шампиони. Негови ученици се прославени те каратисти како: Мирче Опелоски, Дејан Недев, Назим Куртовиќ, Аљоша Недев, Лујза Гашева, Кристијан Кајчевски, Јадранка Недева и многу други.

Со почит МТКФ.

IMG 5566

Повеќе...

д-р. Дејан Недев

Почитувани, би сакале да ве информираме дека денес на 13.12.2018 на Државниот Универзитет Св. Климент Охридски во Софија, нашиот најуспешен каратист, д-р. Дејан Недев беше официјално промовиран во доктор на науки по физичко образование и спорт. Тој докторатот успешно го одбрани пред 6 месеци оваа година на 26.06.2018 година.
Со почит МТКФ.

doktornaukadn