Најдобри спортисти на Град Скопје за 2017 година

Во изборот на најдобри спортисти на Град Скопје за 2017 година во организација на Сојузот на спортови на Град Скопје, нашите каратисти Дејан Недев во сениорска и Мила Саздова во младинска конкуренција на денешната свеченост беа прогласени меѓу најуспешните спортисти на Скопје за изминатата 2017 година.

IMG 1694 najdobri2017

Европска промоција на монографијата “Половина век исполнет со успеси”

Почитувани,

По повод јубилејот 50 години карате во РМ, МТКФ во соработка со ЕТКФ и Австриската федерација како домаќин ќе организира европска промоција на монографијата “половина век исполнет со успеси” на ден 14 декември 2017 во Виена, Австрија. На промоцијата ќе учествуваат претседатели и секретари на европските карате федерации. Исто така покрај промоцијата ќе се одржи и карате семинар под водство на авторите на монографијата Венцислав, Дејан и Аљоша Недеви. Со почит МТКФ.

IMG 8981

Дејан Недев од 8-10 декември 2017 учествуваше на ЈКА карате семинар во Париз, Франција предводен од Сенсеи Татсуја Нака 7 дан

Почитувани, нашиот каратист Дејан Недев од 8-10 декември 2017 учествуваше на ЈКА карате семинар во Париз, Франција предводен од Сенсеи Татсуја Нака 7 дан. Тој денеска на крај од семинарот во знак на благодарност на Сенсеи Нака му подари примерок од монографија 50 години карате во РМ. На семинарот учествуваа над 300 каратисти од повеќе држави, а Македонија беше претставена од Дејан Недев и Емилија Јанчевска. Со почит МТКФ.

tetsujaparisdejan

Дејан Недев на семинар со Сенсеи Тетсуја Нака 7 дан

Почитувани, би сакале да Ве информираме дека нашиот најдобар каратист, м-р. Дејан Недев 6 дан, ќе учествува на Меѓународниот ЈКА карате семинар од 8 до 10 декември 2017 во Париз, Франција. Семинарот ќе го води Сенсеи Тетсуја Нака 7 дан, повеќекратен шампион на Јапонија во кумите и ката. Сенсеи Нака во моментов важи за еден од најдобрите карате инструктори во светот. Со почит МТКФ.

4F2A1278

Прием на Македонската репрезентација во традиционално карате во АМС

Почитувани, Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод неодамнешниот настап на Македонската репрезентација во традиционално карате на Обединетиот светски карате шампионат во Монтекатини, Италија. Постигнат е  историски резултат ,14 медали од кои: 9 златни, 1 сребрен и 4 бронзени медали во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција.

amskarate05122017

Повеќе...

Историски успех на Македонската репрезентација

Историски успех на Македонската репрезентација во традиционално карате освоени 9 златни, 1 сребрен и 4 бронзени медали на Обединетиот светски карате шампионат во Монтекатини!

montecini03122017

Повеќе...